Ekipa
25 Јануари 2017•Ажурирај: 25 Јануари 2017
БЕРЛИН (АА) - Двесте полицајци во Германија извршија претрес во 12 живеалишта низ целата земја во случајот поврзан со десничарската група којашто е обвинета дека сакала да изврши напади на полицијата, мигрантите и на Евреите, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од канцеларијата на Федералното обвинителство се вели дека во рамките на вчерашните рации е извршен претрес во домовите на шест лица обвинети за формирање мрежа на социјалните медиуми, минатата пролет, со цел вршење оружени напади. Седум лица се обвинети за поддршка на мрежата.
Се додава дека не постојат индикации дека се направени некои конкретни планови за напади. Полицијата ги претресе домовите во Берлин и во други германски градови.