Ekipa
02 Јануари 2017•Ажурирај: 02 Јануари 2017
БЕРЛИН (АА) - Германската полиција соопшти дека 19-годишниот авганистански барател на азил се запалил во складиште на супермаркет во Гајмерсхајм, Баварија, и притоа се здобил со тешки повреди, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на полицијата се наведува дека момчето рано утринава се полило со бензин што го купил пред инцидентот на бензинска пумпа во околината.
Иако пожарот бил изгаснат брзо, 19-годишното момче е потешко повредено.
Неговите мотиви сѐ уште не се познати, а од полицијата наведуваат дека носел и нож, но не го употребил.