Ekipa
15 Јули 2018•Ажурирај: 16 Јули 2018
БЕРЛИН (АА) - Германските власти соопштија дека ќе примат 50 од 450-те мигранти спасени од бродот во Средоземното Море кој беше во центарот на спорот помеѓу Италија и Малта, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во неделата германската Влада објави: „Во однос на тековните разговори за поголема билатерална соработа во врска со азилот, Германија е подготвена во овој случај да преземе 50 лица.“
Франција и Малта се согласија да земат околу 100 мигранти од бродот.
Италија ги повика и другите земји од ЕУ да помогнат, велејќи дека сака да го поделат товарот со мигрантите кои доаѓаат преку Медитеранот.
Според податоците на ЕУ, Германија прими речиси милион барања за азил во 2016 и 2017 година. Италија е на второ место, со околу 250.000 лица.