İlker Girit
27 Ноември 2017•Ажурирај: 28 Ноември 2017
БЕРЛИН (АА) - Помалите сообраќајни несреќи на прометните градски раскрсници се речиси секојдневие за екипите на сообраќајната полиција. Таква несреќа во петокот, во североисточниот германски град Нехеим, ги запрепасти полицајците, јавува Anadolu Agency (AA).
По судир на две возила во центарот на градот, полицијата излезе на теренот, а во несреќата без повредени и без поголема материјална штета учествуваа 34-годишна жена и 74-годишен маж.
Возачот веќе 56 години со возило учествувал во сообраќајот во Германија, а никогаш не го положил возачкиот испит и немал дозвола.
Полицијата денес соопшти дека возачот изјавил оти поднел барање за полагање возачки испит пред да замине во војска пред речиси шест децении. Часовите за обука не ги продолжил по завршувањето на воениот рок.