Elena Trenchevska Chekovic
31 Јули 2025•Ажурирај: 01 Август 2025
СКОПЈЕ (АА) – Гладот што Израел го наметнa во Појасот Газа продолжува да ги загрозува животите на палестинските деца, јавува Анадолу.
Шестгодишното девојче Миск ал-Мадхун, кое живее во населбата Шеик Радван во градот Газа, се бори со атрофија на мозокот и тешка неисхранетост предизвикана од гладот во Газа.
Миск, која тежи само 4 килограми, е во сериозна смртна опасност.
Според Министерството за здравство на Газа, најмалку 154 лица починале од глад од октомври 2023 година, од кои 89 деца.
Отфрлајќи ги меѓународните повици за прекин на огнот, израелската Армија спроведува брутална офанзива во Газа од 7 октомври 2023 година, во која се убиени најмалку 60.249 Палестинци, повеќето од нив жени и деца, а 147.089 се повредени.
Израел одржува и блокада на Газа веќе 18 години, а од 2 март ги затвори сите премини, влошувајќи ги хуманитарните услови во енклавата.
Палестинските власти велат дека се потребни минимум 500 камиони со хуманитарна помош дневно за да се задоволат потребите на 2,4 милиони жители на територијата.