Ali H. M.Abo Rezeg
14 Јануари 2019•Ажурирај: 15 Јануари 2019
АМАН (АА) - Една Сиријка се наоѓа во критична состојба откако се запали во камп за бегалци во близина на јорданската граница поради недостаток на храна, јавува Anadolu Agency (AA).
Според локалниот лекар и портпаролот во кампот, обидот за самоубиство се случил во бегалскиот камп „Ал Рукбан“ во близина на сириската граница со Јордан, бидејќи жената беспомошно ги гледала своите деца како прегладнуваат.
„Жената претрпе тешки изгореници“, изјави лекарот Шукри Шихаб за Anadolu Agency.
Тој изјави дека жената биле префрлена во Јордан на лекување.
Омар ал Хоси, портпаролот на Агенцијата за цивилна одбрана во кампот, изјави дека постојат различни извештаи во врска со инцидентот.
„Некои сугерираат дека таа била повредена во оган во нејзиниот шатор, додека други велат дека таа се обидела да се самоубие“, изјави тој.
Нејзиниот брат во Идлиб потврди дека ниту неговата сестра, ниту неговите внуци имале што да јадат во изминатите две недели.
Активистите во кампот велат дека Сиријката била мајка на три деца.
Сопругот на Сиријката се појави на видеоснимка, велејќи дека неговата жена се обидела да се самоубие поради сиромаштија и глад.
„Нашите информации покажаа дека семејството на жената е многу сиромашно и дека немале што да јадат изминатите две недели“, изјави Ал Хомси.
Во соопштението издадено кон крајот на минатата година, Сириската мрежа за човекови права (SNHR) вели дека шестмина бегалци, вклучувајќи пет деца, починале во кампот „Ал Рукбан“ како последица на глад, болест и недостаток на лекови.
Го обвини сирискиот режим за хуманитарната криза во пустинскиот камп и ја обвини јорданската Влада за забрана за влез на хуманитарна помош во кампот.
Лоциран во пустината на сириско-јорданската граница, кампот „Ал Рукбан“ е дом на речиси 60.000 бегалци раселени од тековниот конфликт во Сирија.
Сирискиот режим воведе цврста опсада околу кампот, предизвикувајќи влошување на хуманитарните услови за неговите жители.
Сирија е заробена во жестока војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал Асад презеде мерки со неочекувана свирепост кон продемократските протести.