Serdar Bıtmez,Hamdi Yıldız
25 Октомври 2020•Ажурирај: 27 Октомври 2020
ДОХА (АА) - Како одговор на повиците за бојкот иницирани неофицијално од земјите во Персискиот Залив, компанијата „Ал Равак“, која е еден од најголемите ланци на пазарот во Катар, започна кампања за промовирање на турските производи, привлекувајќи големо внимание кај Катарците и странците што живеат во земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ставајќи турско знаме на турските производи што ги нуди за продажба во сите свои маркети низ земјата, компанијата, давајќи попусти, ги понуди производите за продажба по пристапни цени.
Ибрахим ал Дервиш, претседател на Управниот одбор на „Ал Равак“, за АА изјави дека причина за започнување на кампањата е фактот дека „турскиот народ се интересира за праведните проблеми на исламската заедница и што застана покрај народот на Катар за време на блокадата“.
„Сметаме дека требаше да направиме еден ваков чекор како одговор на некои земји, кои за жал, повикаа на бојкотирање на турските производи и започнаа кампањи за оцрнување на Турција“, рече Дервиш.
„Турските производи се погодни за куповната моќ на сите сегменти на општеството, викосоквалитетни се и конкурентни се со цената на сличните производи“, рече Дервиш и продолжи со зборовите:
„Постои голем интерес за купување турски производи со цел да се поддржи Турција. Нашите државјани и странците што живеат во земјата, бидејќи се свесни за потребата од купување турски производи, реализираа силна активност, давајќи ѝ поддршка на турската економија. На потрошувачите им се понудени повеќе од 5.000 производи, а производите на другите земји беа заменети на рафтовите со турски производи.“
Ахмед Али, еден од купувачите што доаѓа да купува во продавницата на „Ал Равнак“, изјави дека Турција одамна ја заслужила оваа поддршка и упати повик до сите деловни луѓе од Катар или од странство да се приклучат во оваа поддршка.
Амбасадорот на Турција во Доха, Мустафа Ѓоксу, ја посети компанијата и му се заблагодари на Мохамад Дарвиш, сопственикот на ланецот супермаркети, за преземените чекори.
Од почетокот на октомври, земјите од Заливот неофицијално започнаа да упатуваат повици за бојкот на производите што потекнуваат од Турција.
Преку тролови на социјалните мрежи, таканаречени „електронски мушички“ на Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), се спроведуваат кампањи за оцрнување, објавувајќи содржини во кои се повикува да не се купуваат турски производи.
Со контрапотегот на социјалните мрежи, што започна кон средината на октомври како одговор на овие напори за бојкот, етикетите за поддршка на турските производи привлекоа голем интерес кај народите од земјите во Заливот.