Davit Kachkachishvili
10 Октомври 2022•Ажурирај: 10 Октомври 2022
КИЕВ (АА) - Градоначалникот на украинскиот главен град Киев, Витали Кличко, соопшти дека експлозии одекнале во квартот Шевченковски, истакнувајќи дека градот е под напад на руските терористи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Клично информацијата ја потврди преку социјалната платформа „Телеграм“.
Тој рече дека руските сили со ракети го таргетирале центарот на Киев.
„Главниот град е под напад на руските терористи“, нагласи Кличко, и додаде:
„Ракетите паднаа во Шевченковскиот и Соломенскиот реон во центарот на градот. Алармот продолжува, и затоа продолжува и заканата.“
Клично упати апел до сите граѓани да останат во засолништата додека трае алармот, и побара да не се излегува надвор доколку се нема некоја итна потреба.
Како што истакна, на местото на настанот продолжуваат операциите за пребарување и спасување.
„Улиците во центарот на Киев се затворени за сообраќај од страна на безбедносните сили. Работат службите за спасување“, истакна Кличко.
Украинските медиуми соопштија дека во Киев се случиле три до четири експлозии.
Експлозиите одекнале на 1-2 километри од канцеларијата на украинскиот претседател.