Burak Bir
02 Септември 2026•Ажурирано: 02 Септември 2026
Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, е прогласен за виновен и казнет поради неплаќање данок за автомобил стар 24 години, објавија медиумите денес, пренесува Анадолу.
Кан (55) минатиот месец бил прогласен за виновен од судот за поседување нерегистрирано возило, „Нисан Микра“, во кривична постапка покрената од Агенцијата за лиценцирање на возачи и возила (DVLA), објави Би-Би-Си.
Според судските документи, писмата упатени до градоначалникот во врска со неплатениот данок биле испраќани во ресторанот на познатиот британски готвач Гордон Ремзи во источен Лондон, наместо до блиските канцеларии на „Транспорт за Лондон“ (TfL), локално владино тело одговорно за најголемиот дел од транспортната мрежа во главниот град.
Од Градското собрание соопштија дека автомобилот не му припаѓал ниту на градоначалникот ниту на TfL.
Кан, на рочиште одржано без присуство на јавноста во рамките на постапката „Single Justice Procedure“ во Херефордшир, бил прогласен за виновен во отсуство и му било наредено да плати казна од 220 фунти, 85 фунти судски трошоци и да го подмири долгот од 35,84 фунти за неплатениот данок за „Микрата“.
Повикајќи се на правни документи, во извештајот се наведува дека против Кан била покрената постапка откако годишниот данок за автомобилот, кој првпат бил регистриран пред 24 години, истекол во септември 2025 година.