Davit Kachkachishvili
12 Јануари 2018•Ажурирај: 13 Јануари 2018
ТБИЛИСИ (АА) - Во антитерористичката акција спроведена во Грузија е уапсено најмалку едно лице коешто е поврзано со Ахмет Чатајев, организаторот на терористичкиот напад на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул во 2016 година, јавува Anadolu Agency (AA).
На официјалната страница на судот во Тбилиси е потврдено дека на 9 јануари е уапсен Зураб Идоиџе, за кој се сомнева дека му помагал на Чатајев. Наводно, Идоиџе во Турција се состанал со Чатајев и неговата група, при што им испорачал телефони и ги префрлил до грузиската граница.
Во акцијата на безбедносните сили во ноември, минатата година, беше убиен организаторот на терористичкиот напад на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул, Ахмет Чатајев.
Од Канцеларијата за безбедност на Грузија е потврдено дека претходно, во антитерористичката акција извршена на 21 ноември во Тбилиси, меѓу тројцата убиени терористи бил и Чатајев, којшто е со чеченско потекло.
Во антитерористичкиот напад извршен на меѓународниот аеродром „Ататурк“ во Истанбул, на 28 јуни 2016 година, загинаа 46, а беа ранети 163 лица. Нападот го извршија припадници на терористичката организација ДЕАШ.