Derya Gülnaz Özcan
11 Мај 2022•Ажурирај: 12 Мај 2022
АТИНА (АА) - Грчката претседателка Катерина Сакеларопулу истакна дека Грција сака дијалог со Турција, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Сакералопулу во изјава за грчката државна телевизија ЕРТ, покрај прашањата за внатрешните работи, говореше и за меѓународните случувања, како и за надворешната политика на Грција.
Претседателката на Грција нагласи дека Турција и Грција се две соседни земји и додаде:
„Поминавме низ долги мирни и спокојни процеси. Соседите имаат потреба едни за други. Во последниот период имавме тешки моменти како во Марица, така и во Егејско [Море]. Според мене, Грција прави добра работа што истакнува дека сака дијалог. Сакаме дијалог. Треба да има дијалог со нашите соседи“, рече таа.
Сакеларопулу истакна дека откако ја презела претседателската функција, ја чувствува потребата и желбата да ја посети цела Грција.
„Луѓето во овие зони живеат во посебни услови. Островска Грција, како и планинските предели, поседуваат посебни услови. Постојат потешкотии во комуникацијата. Не е добро што се чувствуваат изолирани и мислат дека сме ги заборавиле“, нагласи таа во врска со нејзините чести посети на граничните зони.
Истакнувајќи дека војната во Украина ги изненадила сите, грчката претседателка рече дека Украинците се борат за европски вредности, и затоа, според неа, од Европа добиле голема поддршка.