?????
23 Јануари 2016•Ажурирај: 25 Јануари 2016
ЛОНДОН (АА) - Американската компанија "Гугл" се согласи да и плати на Велика Британија 130 милиони фунти или 186 милиони долари заостанат долг, кој датира од 2005 година, по шестгодишната истрага од страна на британскиот даночна канцеларија. Пратеникот на Лабуристичката партија, Џон Мекдонел, подмирувањето на долгот на Google кон Велика Британија го наречена фер потег кон даночните обврзници, јавува Anadolu Agency (АА).
Мекдонел како економски портпарол на Лабуристичката партија го повика Националниот завод за ревизија да го испита случајот.
"Врз основа на независната анализа ми се чини дека тоа е релативно безначајно во споредба со она што треба да се плати", рече Мекдонел.
Покрај приходите од повеќе милијарди фунти од продажбата во Велика Британија, од Google во петокот соопштија дека се согласиле со британската влада да платат повеќегодишен долг од 186 милиони долари.
Освен Гугл, петте најголеми интернет компании во Велика Британија - Apple, Amazon, eBay и Фејсбук, се обвинети за избегнување на плаќање на даноците во согласност со националното законодавство.