Mohamed Sabry Emam Muhammed
23 Август 2016•Ажурирај: 24 Август 2016
НИНЕВА (АА) - Терористичката група ДАЕШ ги нападна ирачките воени сили во северниот дел на Ирак со ракети со хлор, јавува Anadolu Agency (AA).
Ирачкиот полициски офицер Ахмед ал-Џабури, во изјавата за АА рече дека ДАЕШ гранатирал позиции на војската со ракети Катјуша во кои имало хлор.
Според него, гранатирана е Кајара, јужно од Мосул.
„Тројца војници претрпеа гушење”, нагласи Ал-Џабури.
Во врска со гранатирањето, ирачките официјлни лица сè уште се немаат изјаснето.
Инаку, ирачките сили подготвуваат голема офанзива врз Мосул, вториот најголем ирачки град, кој милитантите на ДАЕШ го зазедоа во 2014 година.
Со поддршката на САД, ирачките сили успеаја да повратат поголем дел од територијата која што пред две години ја зазеде ДАЕШ.
Сепак, таа терористичка организација сè уште има контрола над одредени делови од земјата.