Sayed Khodaberdi Sadat
21 Октомври 2017•Ажурирај: 21 Октомври 2017
КАБУЛ (AA) - Најмалку 30 лица загинаа во самоубиствен напад во џамија во градот Долине во покраината Гур на западот на Авганистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Спомнатиот напад се случи само неколку часа по самоубиствениот напад на шиитската џамија во главниот град на Авганистан, Кабул, во кој загинаа 39 лица.
Ахмад Хусеин Данисиар, начелник на Долине, изјави дека напаѓачот активирал бомба додека се наоѓал во џамијата.
Истакна дека загинале најмалку 30 лица меѓу кои се наоѓа и шефот на Цивилната заштита.
Сеуште никој не презел одговорност за нападот.