Fatma Esma Arslan
03 Јуни 2022•Ажурирај: 06 Јуни 2022
ДАКАР (АА) - Двајца вработени во Црвениот крст ги загубија животите во терористички напад во западниот дел на Мали, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението што го издаде Црвениот крст на Мали, возило со екипа на Црвениот крст било нападнато од неидентификувани вооружени лица во регионот Кајес.
Во терористичкиот напад, од четирите лица што се наоѓале во возилото, животот го загубиле вработен во Црвениот крст од Холандија и возачот.
Регионот Сахел во Буркина Фасо, Мали и Нигер, познат како „граница на три држави“, во последниве години е изложен на напади на ДАЕШ и групи поврзани со терористичката организација Ал-Каеда.
И покрај странските воени мисии стационирани во Мали од 2013 година, терористичките организации во земјата продолжуваат со нападите.