Fatih Erel
27 Мај 2016•Ажурирај: 28 Мај 2016
ЖЕНЕВА (АА) - Стeфан де Мистура, пратеникот на Обединетите нации (ОН) за Сирија, синоќа соопшти дека нема да има нова рунда на мировни преговори за Сирија во наредните две до три недели, јавува Anadolu Agency (AA).
Откако го информираше Советот за безбедност на ОН за моменталната состојба во Сирија, Мистура во своето обраќање наведе дека е „потребно да се види напредок на теренот, особено во однос на прекинот на непријателствата и хуманитарниот пристап“, пред да се одржи новата рунда на преговори.
Тој истакна дека го запознал Советот за безбедност со својата намера да штом тоа биде возможно, но не во наредните две до три недели, ќе започне со новата рунда на мировни преговори.
Според информации од ОН во Сирија, најмалку милион луѓе се под опсада или се наоѓаат во тешко пристапни места, на кои им е потребна хуманитарна помош.
„И натаму не е ништо направено за народот на Дераја, како и за народот во Муадамијаха и ал-Ваера.Тоа се три места во кои ситуацијата продолжува да биде критична. Децата во тие места се недоволно нахранети и ќе почнат да умираат доколку не бидеме во можност да допреме до нив“, изјави во четвртокот Јан Егеланд, советник на Мистура.
Сирија е заклучена во маѓепсна граѓанска војна од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ел Асад ги задуши продемократските протести со неочекувана жестокост.
Според податоците на ОН, кои пред две години престанаа да ги бројат жртвите и раселените, во Сирија од почетокот на граѓанската војна загинаа повеќе од 250.000 лица, а раселени се повеќе од 10 милиони.