Arif Yusuf,Hamdi Yıldız
29 Јули 2019•Ажурирај: 30 Јули 2019
ИРАК
Терористичката организација ДЕАШ организираше вооружен напад врз нафтените полиња „Аџил“ и „Алас“ во градот Сулејманије, јавува Anadolu Agency (AA).
Капетан Саад Мухамед од Командата за операцијата „Селахадин“, поврзана со Армијата на Ирак, во изјавата за дописникот на АА истакна дека терористите на ДЕАШ со лесно оружје ги нападнале нафтените полиња во градот Сулејманије.
Со интервенција на полицијата спречено е терористите да влезат во нафтените полиња „Аџил“ и „Алас“. По нападот се зголемени безбедносните мерки во регионот. Нема загинати или повредени во безбедносните структури.
ДЕАШ за прв пат организираше ваков напад од декември 2017 година, откако беше најавено дека е поразена во земјата.
- Воздушни операции против терористите на ДЕАШ
Се истакнува дека со воздушни операции погодени се центри на ДЕАШ во градот Енбар, во западниот дел на Ирак.
Офицерот Маџид ал Јасири од Седмата дивизија соопшти дека во воздушната операција се убиени 4 терористи.
Иако Ирачката влада во декември 2017 година соопшти дека се преземени сите територии кои биле под контрола на ДЕАШ, групи поврзани со терористичката организација сè уште постојат и продолжуваат со индивидуални напади.