Zeynep Hilal Karyağdı
04 Август 2018•Ажурирај: 05 Август 2018
ГАЗА (AA) - Малолетниот Муаз ес-Сувери (15), утрово им подлегна на повредите кои ги доби во текот на масовниоте демонстрации на „Големиот марш за враќање“, кои од 30 март се одржуваат на границата на Израел и Појасот Газа, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Министерството за здравство во Газа е соопштено дека младиот Палестинец е ранет во текот на вчерашните демонстрации. Во него пукаше израелски војник.
Во текот на израелските интервенции на масовните демонстрации, загинаа 157 Палестинци, а ранети се повеќе од 17.000.
Меѓу смртно настраданите се наоѓаат и 24 малолетници, три жени и двајца медицински работници. Во текот на вчерашните демонстрации ранети се 220 Палестинци. Со боева муниција се ранети 90 лица.
Палестинците од 30 март, Денот на земјата, на границата на Израел и Појасот Газа, го организираат „Големиот марш за враќање“. Израелските војници, од друга страна, против цивилното население, кое бара „враќање на територијата од која е протерано и укинување на опсадата на Газа воведена во 2006 година“, користат боева муниција.