Ekipa
01 Април 2018•Ажурирај: 02 Април 2018
ВАТИКАН (АА) - Десетици илјади католици се собраа денес на плоштадот Свети Петар во Ватикан за да присуствуваат на мисата која по повод Велигден ја води поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, јавува Anadolu Agency (AA).
Со цел да присуствуваат на денешната мисија, католиците, кои пристигнаа од целиот свет, мораа да поминат низ темелни безбедносни проверки.
Поставени се детектори за метал и секој кој сака да влезе на плоштадот се проверува детално, додека околните улици се затворени за сообраќај.
Католиците од целиот свет денес го слават Велигден, што го симболизира раѓањето на природата и воскресението на Исус Христос.