Fatma Esma Arslan
12 Март 2018•Ажурирај: 13 Март 2018
АНКАРА (AA) - Поддржувачите на терористичката организација ПЈД/ПКК на социјалните мрежи објавија фотографија на дете кое било нападнато од куче во Англија, со цел клеветење на операцијата „Маслинова гранка“, за која е утврдено дека не е поврзана со споменатата операција, која од 20 јануари се спроведува во подрачјето на Африн, северозападна Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Лицата поврзани со терористичката организација на социјалните мрежи се обидоа лагите за Африн да ги стават во квадрат, со правење колаж од три фотографии од деца направени на различни места и во различно време.
За колажот што е споделуван со лагата „геноцид во Африн" и за кој се повикува меѓународната заедница, е утврдено дека горенаведената фотографија на детето што трча е монтирана.
Во позадина на фотографијата што ја фотографирала АФП во Африн е ставена друга слика од експлозија, и со тоа се обиделе да создадат впечаток дека ТСК пукаат врз цивилите и децата.
Исто така, е утврдено дека фотографиите на децата во долниот лев агол на колажот биле сликани во Источна Гута, која е под блокада на режимот на Асад.
- Се обидоа да го прикажат повреденото дете од Англија како да е од Африн -
Овој пат, терористичките организации сакаа да манипулираат не само со слики од експлозиите и војните од различни делови на светот, туку и со фотографија на еден британски весник.
Фотографијата на раскрвареното дете, која е на десната страна од колажот, му припаѓа на 18-месечно бебе кое на 16 јуни 2015 година го нападнало куче во Англија.
Весникот „The Sun“ под наслов „Со повеќе од 240 шевови ќе биде зашиено бебето нападнато од луто куче“ ја објави 18-месечната драма на Мајзи Џо Гаспа, која била нападната од кучето на пријателка на неговата мајка.
Во веста е истакнато дека бебето речиси го изгубило носот поради нападот на кучето, и дека имало над 240 шевови на лицето.
„Ќерка ми стоеше до мене во кујната, а кучето одеднаш ја касна за носот и се обиде да ја распарчи. Не знаев што да правам, почнав да врескам", ја објаснила ситуацијата на новинарите од весникот мајката на Гаспа, додавјќи дека можела да ја спаси ќерката само со насилно отворање на устата на кучето.