Ekipa
15 Февруари 2022•Ажурирај: 16 Февруари 2022
ЖЕНЕВА (АА) - Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави дека во некои земји високата покриеност со вакцини заедно со помалата сериозност на варијантата на коронавирусот, Омикрон, предизвикуваат лажен приказ дека пандемијата на Ковид-19 е готова, јавува Агенција Анадолија (АА).
Гебрејесус одржа видео конференција на која му се обрати на американскиот државен секретар Ентони Блинкен и на состанокот во Вашингтон на кој ја изрази својата благодарност за раководењето на САД на полето на здравството.
Глобалниот состанок за акција за Ковид-19 беше свикан од САД за пандемијата на коронавирусот само две години откако СЗО прогласи вонредна состојба на највисокото ниво на медицинска тревога.
„Оваа историска иницијатива дојде во клучно време“, рече Гебрејесус на состанокот.
„Во некои земји, високата покриеност со вакцини комбинирана со намалената сериозност на Омикрон предизвикува лажен наратив дека пандемијата е завршена“.
Директорот на СЗО рече дека во исто време ниската покриеност со вакцини и намаленото тестирање во другите земји создаваат идеални услови за испливување на нови варијанти.
- „Оваа година под контрола“ -
„Ние можеме да ја ставиме пандемијата под контрола оваа година, но изложени сме на зголемен ризик да ја пропуштиме таа можност“, рече Тедрос.
Тој објасни дека во моментот 116 земји не ја постигнуваат заедничката цел да вакцинираат 70 проценти од своето население до средина на годината.
Тедрос ги наведе меѓународните алатки како што се „Еј-си-ти Акселератор“ и столбот КОВАКС „и нашето партнерство со УНИЦЕФ“, со кои светот надминува некои од ограничувањата за снабдување и испорака со кои се соочи минатата година, со испорачани повеќе од 1 милијарда дози на вакцини.
„Ние ја поздравуваме тековната ангажираност на сите земји претставени денес тука, линиите на напор предложени од САД и континуираното усогласување со „Еј-си-ти Акселератор“ и со Африканскиот фонд за набавка на вакцини (AVAT).”
Според СЗО, пристапот до Ковид-19 алатките „Еј-си-ти Акселератор“ е револуционерна глобална соработка за да се забрза развојот, производството и првичен пристап до тестови, лекување и вакцини против Ковид-19.
Африканскиот фонд за набавка на вакцини има специјална намена и делува како централизиран агент за набавки во име на земјите членки на Африканската Унија за да ги обезбеди потребните вакцини и финансиски ресурси за постигнување на стратегија за вакцинација против Ковид-19 во Африка, која има за цел да вакцинира минимум 70 проценти од населението врз основа на пристапот од цела Африка.
Тедрос ги повика сите земји да вакцинираат и да ја поддржат целта на СЗО од 70 проценти.
„Второ, за да спасиме животи сега, бараме од сите земји да придонесат со својот фер удел за целосно финансирање на „Еј-си-ти Акселератор“, особено за итна потреба од 16 милијарди долари“, рече тој.