29 Октомври 2023•Ажурирај: 01 Ноември 2023
ГАЗА (АА) - Снимките од дрон го покажуваат степенот на разорување по интензивните израелски напади во Газа, јавува Анадолу.
Над 130 Палестинци загинаа, а десетици се ранети во нападите на Израел во Газа на 23-тиот ден од конфликтот, според палестинската новинска агенција ВАФА.
Десетици жртви има од нападите врз бегалскиот камп Беач во градот Газа, додека воените авиони бомбардираа и станбена зграда во квартор Тал ал-Хава. Израел, исто така, фрли бомби врз куќите во квартовите Ал-Зејтун, Ал-Туфах и Шуџаја.
Извршени се воздушни напади и врз домови во бегалскиот камп Џабалија, а воените авиони го уништија и плоштадот во Бир ал Наџа, во северниот дел на Појасот Газа.
Во централниот дел на Појасот Газа авионите бомбардираа куќи во камповите Буреиџ и Нусејрат и градот Деир ал Балах. Цел на нападите беа и куќи во градовите Хан Јунис и Рафа.
Израелската војска во петокот ги прошири воздушните и копнените напади врз Појасот Газа, кој е под немилосрдни воздушни напади по ненадејниот напад на Хамас на 7 октомври.