Elvir Hocic
05 Октомври 2017•Ажурирај: 06 Октомври 2017
СЕУЛ (АА) - Според процената на воените експерти, при евентуален нуклеарен напад на Сеул и на Токио, од страна на Северна Кореја, животот би го загубиле 2,1 милион, а ранети би биле 7,7 милиони лица, пренесува Anadolu Agency (AA).
Американскиот портал „38 North“, кој ги следи воените активности во Северна Кореја, ги објави процените на експертите за можните последици од севернокорејски напад на главните градови на соседните Јужна Кореја и Јапонија.
Процената е објавена во екот на тензиите и сѐ почестите закани од Пјонгјанг.
Авторот на текстот, Мајкл Џ. Загурек помладиот наведе дека процената е направена врз основа на сознанијата за нуклеарниот и балистичкиот арсенал што го поседува Северна Кореја.
Режимот во Пјонгјанг поседува најмалку 25 оспособени нуклеарни проектили со јачина меѓу 15 и 250 килотони.