Şerife Çetin
25 Април 2020•Ажурирај: 26 Април 2020
БРИСЕЛ (АА) - Министри за надворешни работи од европските земји и високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија (ЕУ), Жозеп Борел, повикаа на итен „хуманитарен прекин на огнот“ во Либија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Борел, министерот за надворешни работи на Франција, Жан-Ив Ле Дријан, германскиот министер за надворешни работи, Хеико Мас, и италијанскиот министер за надворешни работи, Луиџи ди Мајо, дадоа заедничка изјава.
Во изјавата се посочува дека месецот Рамазан може да биде можност за прекин на огнот во Либија.
„Повикот за ’хуманитарен прекин на огнот‘ е силно поддржан од Обединетите нации“, се вели во соопштението и се додава: „Во земјата судирите во последните недели продолжуваат без прекин и ги зголемуваат страдањата на либискиот народ.“
Во изјавата се повикуваат страните во Либија да се вратат на преговори.
Исто така се забележува дека новиот вид коронавирус, Ковид-19, ја зголемува потребата од прекин на огнот.
Тројца цивили го загубија животот во ракетен напад на милицијата поврзана со Калифа Хафтар, лидерот на илегалните вооружени сили на истокот на Либија, во првиот ден на Рамазан.