İlker Girit
30 Ноември 2017•Ажурирај: 01 Декември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Европскиот парламент денес повика на ембарго за оружје од страна на ЕУ за Саудиска Арабија, во екот на најголемата светска глад во Јемен, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во необврзувачкото гласање, резолуцијата со којашто се повикува шефицата на надворешната политика на ЕУ, Федерика Могерини, да наметне ембарго за оружје против Саудиска Арабија, беше усвоена со 539 гласа наспроти 13 гласа против, со 81 воздржан.
„Могерини би требало веднаш да предложи заедничка стратегија на ЕУ за Јемен и повторно да изврши притисок за мировна иницијатива за Јемен“, се вели во резолуцијата.
Резолуцијата исто така ги повика сите актери да дејствуваат во намалувањето на судирите и да се ангажираат за нов круг на мировни преговори предводени од ОН.
Европарламентарците истакнаа дека има сериозни наводи дека Саудиска Арабија го прекршува меѓународното хуманитарно право во Јемен.
Јемен е во хаос и насилство од 2014 година, кога бунтовниците Хуси зазедоа голем дел од земјата.
Конфликтот ескалираше во 2015 година, кога Саудиска Арабија започна воздушна кампања со цел враќање на придобивките на Хусите.