Abdullah Aşıran
15 Мај 2017•Ажурирај: 16 Мај 2017
ХАГ (АА) - Директорот на Европската полициска агенција (Европол), Роб Вејнрајт соопшти дека во петокот, на глобално ниво е извршен кибер-напад којшто дејствувал на 200.000 комјутери во 150 земји. Тој соопшти дека поголемиот дел од овие компјутери им припаѓале на фирми, некои дури и на големи компании, јавува Anadolu Agency (AA).
Вајнрајт во своето интервју за англискиот канал ITV (Ај-ти-ви) истакна дека тоа бил досега невиден напад и додаде дека нападот е извршен со соединување на таканаречените „ransomware” програми (софтвер што го блокира пристапот до податоците, барајќи откуп за пристап до нив) и „warm” компјутерски вируси.
Извршителите на нападот, според Вајнрајт, го користеле овој комбиниран вирус со цел тој побрзо да се распространи низ глобалната мрежа. „Во моментов се соочуваме со една голема опасност. Постојано се зголемува бројот на компјутери коишто се опфатени од нападот. Загрижен сум од фактот што во понеделник наутро, кога луѓето ќе ги отворат своите компјутери, уште поголем ќе биде бројот на компјутери кои ќе бидат зафатени од нападот”, рече Вајнрајт.
Тој истакна дека и покрај тоа што е голем бројот на компјутерите што се зафатени од овој кибер-напад, се дознава дека е мал бројот на жртвите на овој вирус кои платиле во виртуелна валута биткоин.
„Очигледно е дека станува збор за криминален напад”, рече Винрајт, додавајќи дека сѐ уште не се познати извршителите на нападот.
Компјутерската програма наречена „WannaCry”, која е користена во овој кибер-напад, во петокот дејствуваше во 99 земји, првенствено во Русија, Украина и на Тајван.