Şerife Çetin
05 Август 2017•Ажурирај: 06 Август 2017
БРИСЕЛ (АА) - Европската полициска организација (Европол), спроведува интересна кампања на ниво на целата територија на Европа за фаќање на криминалците кои се наоѓаат на листата на „најбарани”, јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на кампањата, на основната веб страница на организацијата се поставуваат електронски разгледници на кои се нацртани криминалците кои се бараат за различни кривични дела.
Во пораката која ја објави Европол се вели: „Голем дел од нас уживаат во летниот одмор, меѓутоа криминалците не одмараат. Местата за одмор се локации кои предначат меѓу местата на кои се кријат криминалците. Овие криминалци можат да бидат и на местото на кое вие се одмарате”.
Електронските разгледници кои се поставени на основната страницата на Европол служат за информирање на луѓето за криминалците и се повикуваат да споделат информации за криминалците по кои трага Европол.
Лицата по кои се трага извршиле „сериозен криминал” во 21 земја од Европската Унија и со досегашната истрага спроведена на традиционален начин не е постигнат никаков резултат.
На разгледниците кои се поставени на страницата на Европол, нацртани туристичките карактеристики на земјата на криминалецот и подготвени се пораки со кои криминалецот се повикува да се врати.
На една разгледница поставена е туристичкиот симбол на Франција, Ајфеловата кула, а за цел го има криминалецот Фарук Хачи. На електронската разгледница потпишана од „Француската полиција”, напишана е пораката „Драг Фарук, знаеш дека животот во Франција ти беше многу добар. Се надеваме дека наскоро ќе се вратиш назад. Ни недостасуваш”.
Фарук Хачи е криминалец кој Франција го бара поради оружен грабеж на банка. Тој во отсуство е осуден на 20 години затвор.
На една друга разгледница, испратена е порака до Артур Навроски, кого Белгија во отсуство го осуди на 15 години затвор. Навроски е обвинет поради раководење со криминална група и извршување на меѓународен шверц на дрога. На електронската разгледница потпишана од белгиската полиција стои пораката: „Почитуван Артур, пржениот компир на Белгија е најдобар во светот. Знаеме дека и тебе ти недостасува. Што е можно порано врати се. Имаме специјално изненадување за тебе”.
Минатата година беше започната слична кампања, а интернет страницата под наслов „Листа на најбарани во ЕУ” ја посетија 2,5 милиони лица и благодареие на оваа кампања беа фатени 36 криминалци.