Bedrudin Brlyavac
13 Јуни 2016•Ажурирај: 13 Јуни 2016
САРАЕВО (АА) - Во 2014 година, околу 900.000 лица добија државјанство во земјите членки на ЕУ, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според податоците на Евростат, во текот на 2014 година околу 890.000 лица добија државјанство во некоја од земјите на Европската унија.
Тоа е помалку во однос на 2013 година, кога државјанство во земјите членки на ЕУ доби 981.000 лице.
Од 2009 година повеќе од пет милиони лица добија државјанство во некоја од земјите членки на ЕУ.
Од вкупниот број на лица кои во 2014 година добија државјанство во земјите на ЕУ, 89 отсо од нив беа државјани на трети земји.
Во ЕУ, која вбројува 28 земји-членки, живеат вкупно околу 508 милиони жители.