Ekip
09 Декември 2017•Ажурирај: 10 Декември 2017
ЛУКСОР (АА) - Египетското Министерство за антиквитети објави дека археолозите пронашле две антички гробници во градот Луксор во јужниот дел на земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерството објави дека една гробница има пет влезови што водат до правоаголен ходник и содржи обоени дрвени погребни маски, глинени садови и мумии завиткани во платно.
Другата има прозорец со должина од шест метри кој води до четиристрана комора и содржи фрагменти од дрвени каси и други артефакти.
Се додава дека натписите на ѕидовите укажуваат на тоа дека гробниците датираат од периодот на 18-тата династија, фараоните кои владееле пред повеќе од 3.500 години.
Понатамошните истражувања ќе покажат кој бил погребан во овие гробници.