Seyit Ahmet Aytaç
23 Ноември 2017•Ажурирај: 23 Ноември 2017
КАИРО (АА) - Египет од денес го завршува безвизниот влез во својата земја за граѓаните на Катар, јавува Anadolu Agency (AA).
Одлуката која е објавена во Службениот весник, ја одобрија египетските министерства за внатрешни и надворешни работи.
Катарските државјани од денес ќе мора да поднесат барање за издавање на визи за да можат да влезат во Египет.
Кралот Бахреин Хамад бин Иса Ал Калифа исто така нареди воведување на визи за државјаните на Катар од 30 октомври.
Саудиска Арабија, ОАЕ, Бахреин и Египет на 5 јуни ги прекинаа дипломатските и сите други врски со Катар обвинувајќи ја таа земја да го финансира и поддржува тероризмот.
Тие земји исто така се заканија со додатни санкции кон Катар доколку официјална Доха не ја исполни листата на услови кои ѝ ги доставија.