Rania R.a. Abushamala
18 Септември 2024•Ажурирај: 19 Септември 2024
ИСТАНБУЛ (АА) - Египетскиот министер за надворешни работи Бадр Абделати денес изјави дека Египет не прифаќа какво било воено присуство на Израел на коридорот Филаделфи на границата со Газа во екот на тековните посреднички напори за постигнување договор за прекин на огнот во палестинската енклава, јавува Анадолу.
Говорејќи на заедничката прес-конференција во Каиро со американскиот државен секретар Ентони Блинкен, египетскиот министер за надворешни работи Абделати рече дека разговарале за потребата од итен прекин на огнот во Газа и неопходноста од брзо постигнување договор.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху инсистира на продолжување на военото присуство на коридорот Филаделфи на границата меѓу Египет и Појасот Газа, со што Каиро категорично не се согласува.
Министерот Абделати предупреди на опасностите од избивање регионална војна.
Предупредувањето дојде по еден ден откако загинаа најмалку 12 лица, а речиси 2.800 беа повредени од експлозиите на пејџери низ Либан.
Коментирајќи ги експлозиите, Абделати ја осуди секоја ескалација што би ги загрозила стабилноста и суверенитетот на Либан.
Израел не ги коментираше експлозиите на пејџерите, но Хезболах вети дека ќе му возврати на Израел.