Mohamed Sabry Emam Muhammed
02 Април 2017•Ажурирај: 03 Април 2017
КАИРО (АА) - Вооружените сили на Египет уништија уште два новооткриени тајни тунели кои го поврзувале египетскиот полуостров Синај и Појасот на Газа кој е под ембарго на Израел, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на египетската војска Тамер ал Рифаи соопшти дека војската затворила два тунела во близина на Рафа.
Во текот на воената операција дојде до судири помеѓу египетските сили и локалната милитантска група, а во судирите се убиени шест а уапсени 29 милитанти.
Египетските вооружени сили од почетокот на оваа година унииштија 21 тунел кој ги поврзувале Египет и Газа.
Израел од 2007 година ја држи Газа под апсолутна блокада, а локалното население со подсредство на тајни тунели ги задоволувало повеќето од своите потреби со снабдување.
Египет започна да ги уништува тие тунели од средината на 2013 година кога со воен удар беше сменет првиот демократски избран претседател на таа земја Мухамед Морси. Египетските сили тврдат дека тие тунели ги користат и милитантите од Синај.