Mahmoud Barakat
01 Октомври 2019•Ажурирај: 02 Октомври 2019
БАГДАД (AA) - Едно лице загина, а 200 се ранети на антивладините протести во Багдад, соопштија ирачките власти, пренесува Anadolu Agency (AA).
Локалните медиуми објавија дека најмалку три лица загинаа во пукањето кое го предизвикаа припадниците на ирачките безбедносни сили, додека околу 130 се ранети, од кои повеќето се погодени со солзавец.
Во Баград се одржани демонстрации против актуелната влада на чие чело се наоѓа премиерот Адил Абдул-Махди.
Демонстрациите следуваа по повикот на активистите кои изјавија дека Владата не успеала да го подобри животниот стандард на граѓаните и да ги спроведе потребните реформи.