Ceyhun Alizade
27 Јануари 2023•Ажурирај: 27 Јануари 2023
АНКАРА (АА) - Најмалку едно лице загина во напад со автоматско оружје врз Амбасадата на Азербејџан во иранскиот главен град Техеран, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Напаѓачот го уништи стражарското место со автоматско оружје „Калашников“ и го застрела шефот на службата за безбедност. При спречувањето на нападот се повредени и двајца чувари на Амбасадата. Нивната состојба е задоволителна“, се истакнува во соопштението на азербејџанското Министерство за надворешни работи.
Според јавувањата на азербејџанските државни медиуми, осомничениот за нападот е приведен.
„Во моментов во тек е истрага за предавничкиот напад“, соопшти Министерството.
Оттаму додадоа дека со јавноста ќе бидат споделени дополнителни информации од деталите за случајот.
Иран и Азербејџан делат иста гранична линија, а Иран има голема етничка азербејџанска популација.