Emre Gürkan Abay
17 Октомври 2018•Ажурирај: 17 Октомври 2018
МОСКВА (АА) - Десет лица го загубија животот, а 50 се повредени во експлозија што се случи во едно училиште во Крим, кој е анексиран од страна на Русија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на безбедносните единици, во едно високо училиште во Крим се случила експлозија поради компресија на гас.
Се вели дека има жртви и повредени во експлозијата, и дека на местото на настанот се упатени бројни амбулантни и противпожарни возила.
Од друга страна, локалните извори за руската новинска агенција „РИА Новости“ велат дека во експлозијата животот го загубиле најмалку 10 лица, а 50 лица се повредени.