Mehmet Alaca
08 Јануари 2022•Ажурирај: 08 Јануари 2022
Во експлозијата што се случи вчера во јавна зграда во подрачјето на Вулонг, што се наоѓа во југозападниот дел на Кина, досега загинаа 16 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Властите соопштија дека експлозијата се случила вчера во кантината на јавната зграда во ова подрачје.
Се истакнува дека досега животот го загубиле 16 лица, додека 10 лица се повредени.
Според кинеската новинска агенција „Синхуа“, тимовите за спасување во текот на ноќта продолжиле со операциите за спасување на лицата под урнатините.
Се нагласува дека едно од повредените лица во несреќата се наоѓа во критична здравствена состојба.
Властите исто така соопштија дека експлозијата била предизвикана од истекување на гас.