Emel Öz Gözellik
11 Декември 2017•Ажурирај: 11 Декември 2017
ЊУЈОРК (АА) - Во американскиот град Њујорк од засега непознати причини се случи експлозија, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата на Њујорк преку својот профил на „Twitter“ (Твитер) објави дека од засега непознати причини се случила експлозија на една автобуска станица во Менхетн.
Во вестите што беа објавени во американските медиуми се наведува дека едно лице е приведено. Во продолжение на информациите се вели дека во експлозијата има повредени.
Се дознава дека по експлозијата, испразнети се метро-линиите А Ц и Е во Њујорк.