Sinan Doğan
06 Јули 2020•Ажурирај: 07 Јули 2020
АНКАРА
По експлозијата која нстанала по превртување на цистерна со гориво животот го загубија 7 лица, а 50 се повредени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во колумбиските медиуми, во подрачјето на државата Магдалена, сместена во северниот дел на земјата, по превртување на цистерна со гориво настанала експлозија во која настрадале 7 лица, а 50 се повредени, во обид од превртената цистерна да земат гориво.
На местото на несреќата пристигнале голем број на противпожарни возила и екипи на првата помош, а во тек е истрага за случајот.