Adam Abu-bashal
29 Септември 2022•Ажурирај: 04 Октомври 2022
АБУЏА (АА) ‒ Според првичните информации, 20 лица ги загубија животите во експлозија до која дојде по превртување на цистерна со гориво во движење во нигериската сојузна држава Коги, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во националните медиуми, експлозијата настанала откако цистерна со гориво се превртела на мостот „Анкпа“ во провинцијата Коги.
Според првичните информации, во експлозијата животот го загубиле 20 лица, а има и голем број повредени.
Координаторот за безбедност на патиштата на државата Коги, Стивен Даулунг, изјави дека тимови за одговор при итни случаи се испратени во регионот и ситуацијата е под контрола.
Даулунг соопшти дека некои од повредените се наоѓаат во тешка состојба и изрази загриженост од можноста за зголемување на бројот на загинати.