Sinan Doğan
11 Мај 2022•Ажурирај: 11 Мај 2022
БОГОТА (АА) - Во експлозијата што на 6 мај се случи во хотелот „Саратога“ во Хавана, главниот град на Куба, бројката на загинати се зголеми на 43, пренесува Агенцијиа Анадолија (АА).
Во соопштението што го објави Министерството за здравство на Куба се наведува дека бројот на загинати се зголемил на 43, а повредени се 97 лица.
Министерството за здравство информира дека од лицата кои се на лекарски третман во болница, отпуштени се 37 повредени, а 3 лица се водат за исчезнати.
„Чувствуваме длабока болка поради настанот и изразуваме сочувство на семејствата на нашите пријатели кои ги загубија животите“, се вели во соопштението.
- Апел за дарување крв -
Претседателот на Куба, Мигуел Диаз Канел, на 8 мај во болница ги посети повредените и потсетувајќи дека настанот не е терористички напад, туку несреќен случај, упати апел до населението да дарува крв.
Кубанските медиуми објавија дека причина за експлозијата е протекување на гас од цевките на инсталацијата во хотелот што е дел од реновирањето кое трае веќе извесно време.
Хотелот „Саратога“ беше затворен две години поради пандемијата на Ковид-19 и требаше повторно да биде отворен на 10 мај. Станува збор за хотел со 5 ѕвездички изграден во 1880 година и кој работи од 1933 година.