İdris Okuducu
18 Јули 2019•Ажурирај: 20 Јули 2019
ИСТАНБУЛ (AA) - Полицијата во Ербил го објави идентитетот и фотографијата на еден од учесниците во нападот во кој е убиен турски дипломат, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на полицијата се наведува дека еден од учесниците во нападот во Ербил бил Мазлум Даг кој е роден 1992 година во Дијарбакир.
Полицијата објави и фотографија од напаѓачот, а ги повикаа граѓаните да и дојават на полицијата ако имаат некои податоци за ова лице.
Во соопштението се додава дека полицијата покренала потрага за напаѓачот.
Во вооружениот напад изведен во среда во ресторан во Ербил, во Ирак, загинааа дипломат во конзулатот на Република Турција и државјанин на Ирак.