Ekip
11 Февруари 2025•Ажурирај: 12 Февруари 2025
КУАЛА ЛУМПУР (АА) - Претседателот Реџеп Таип Ердоган се обрати на Бизнис-форумот Туркије-Малезија, известува Анадолу.
Турскиот претседател престојува во официјална посета на Малезија каде со свечена церемонија беше пречеекан од малезискиот премиер Анвар Ибрахим. Во своето обраќање на Бизнис-форумот Туркије-Малезија, претседателот Ердоган истакна:
„Турската економија продолжува да расте и покрај конфликтите, војните во нашиот регион и катастрофата на векот, големиот земјотрес што го доживеавме во 2023 година. Ние сме една од ретките земји што постигнаа просечна годишна стапка на раст од околу 5 проценти во последните 20 години“.
Во своето обраќање претседателот Ердоган се осврна на инвестициите во Туркије и истакна: „Во последните 20 години инвестиравме речиси 300 милијарди долари во инфраструктурата, извозот ни се зголеми повеќе од 20 пати за 20 години. Го удвоивме нашиот удел во светскиот извоз.“
Ердоган рече: „Претприемачите што имаат доверба, кои ѝ веруваат на Туркије и инвестираат во потенцијалот на нашата земја, како досега, нема да зажалат за тоа ниту во иднина.“