АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека Турција, својата безбедност и иднината на своите браќа нема да им ја довери на силите кои имаат свои интереси во регионот, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган имаше свое обраќање пред пратениците на Големото народно собрание на Турција (ТБММ) по повод свеченото отворање на третата законодавна година од 27. состав на турскиот Парламент.
Ердоган нагласи дека поради продолжување на сириската криза, сигурно дека се свесни за економските, социјалните и културните предизвици произлезени од 3 милиони 650 илјади гости кои сѐ уште живеат во границите на Турција, поради продолжување на сириската криза.
„Знаеме дека нема друга земја освен Турција која може да носи ваков товар, и да го менаџира за толку долго време. Заедно со тоа, не мислиме засекогаш да угостуваме милиони бегалци на нашите територии“, нагласи Ердоган.
„Овие луѓе кои околу 8 години ги гостиме во нашата земја, имаат свои домови и своја татковина. Нам ни следува да формираме безбедна клима бегалците што побрзо да го продолжат животот во нивната земја. Досега повеќепати упативме апел до меѓународната заедница во врска со оваа тема“, додаде тој.
Турскиот претседател нагласи и дека вкупно 360.000 Сиријци се вратија во областите расчистени од терористите преку турските антитерористички операции.
„Ги покануваме сите оние кои се дистанцираат од тероризмот и насилството, да се најдеме на заедничка основа за националните прашања“, рече Ердоган.
Тој истакна дека Турција ќе насели 1 милион Сиријци во 140 села; во безбедносната зона во Сирија ќе бидат воспоставени 50 дистрикти со поддршка на меѓународната заедница.
Турскиот претседател исто така рече дека Турција планира да насели 2 милиони Сиријци во безбедносната зона широка 30 километри која ќе биде воспоставена во Сирија, почнувајќи од реката Еуфрат до ирачката граница, вклучувајќи го Мунбич.
„Турција, својата безбедност и иднината на своите браќа нема да им ја довери на силите кои имаат свои интереси во регионот“, додаде Ердоган.
Ердоган се осврна и на прашањето со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
„Уште еднаш би сакал да подвлечам дека во 2013 година ги затворивме долговите кон ММФ, со цел тие да не бидат отворени повторно. Ќе продолжиме да работиме без запирање сѐ додека не ја направиме нашата земја една од најдобрите 10 економии во светот. Минатата година приходите од туризмот се зголемија за 12%, оваа година ќе се зголемат за уште 10%. Се надевам, ќе стигнеме до бројка од 50 милиони туристи“, истакна Ердоган, претседателот на Турција.