Ekipa
13 Февруари 2020•Ажурирај: 14 Февруари 2020
ИСЛАМАБАД/КАРАЧИ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пристигна во главниот пакистански град во дводневна официјална посета, јавува Агенција Анадолија (АА).
Пакистанскиот премиер Имран Кан, заедно со членовите на неговиот Кабинет, го пречека турскиот претседател во придружба на неговата делегација на високо ниво, во воздушната база Нур Кан, воена база во која се пречекуваат странските владини официјални претставници.
Сопругата на турскиот претседател Емине Ердоган исто така го придружува претседателот.
Пакистанскиот премиер го возеше турскиот претседател до неговата резиденција.
Ердоган ќе копретседава на седницата на високо ниво заедно со пакистанскиот премиер за време на посетата, која е четврта по ред од 2002 година, и втора откако стана претседател.
На Советот за стратегиска соработка на високо ниво на Пакистан и Турција (HLSCC) ќе учествуваат високи политичари и членови на Кабинетот од двете страни.
„На крајот од состанокот ќе биде потпишана заедничка декларација“, соопшти пакистанското Министерство за надворешни работи.
„Се очекува да бидат склучени голем број важни договори/меморандуми. Двајцата лидери ќе одржат и заедничка прес-конференција“, се додава во соопштението на Министерството.
Пред седницата, двајцата лидери ќе се состанат на рзговори за широк спектар на глобални регионални прашања.
Ердоган, заедно со пакистанскиот премиер ќе присуствува на Форумот за бизнис и инвестиции меѓу Турција и Пакистан, на кој ќе учествуваат и водечки инвеститори и деловни луѓе од Турција и Пакистан.
Ердоган ќе се состане и со пакистанскиот претседател Ариф Алви.
Тој, исто така се очекува по четврти пат да присуствува на заедничката седница на пакистанскиот Парламент, која ќе се одржи утре.