Ferdi Türkten
07 Ноември 2019•Ажурирај: 07 Ноември 2019
БУДИМПЕШТА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган допатува во Будимпешта и ја започна официјалната посета на Унгарија, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган во Будимпешта се состана со унгарскиот претседател Јанош Адер.
Ердоган со унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска ќе претседава со четвртата редовна седница на Советот за стратешка сорабока на Турција и Унгарија.
За време на состанокот, турскиот претседател со челниците на Унгарија ќе разговара за сите аспекти на билатералната соработка и односи, а планирано е и потпишување на неколку договори со кои ќе биде унапредена соработката.
Турскиот претседател Ердоган и унгарскиот премиер Орбан ќе присуствуваат и на собирот на унгарски и турски бизнисмени.
Најавено е дека Ердоган ќе го посети и турбето на Ѓул-баба кое свечено го отвори за време на минатогодишната посета на Будимпешта.