Ruslan Rehimov
31 Мај 2017•Ажурирај: 01 Јуни 2017
БАКУ (АА) - Војската на Ерменија отвори оган со минофрлачи врз места во Азербејџан кои се во борбената линија, но се населени со цивили, јавува Anadolu Agency (AA)
Според соопштението на Министерството за одбрана на Азербејџан, војската на Ерменија отворила оган со минофрлачи врз позиции и населени места во регионите Тертер, Агдам и Фузули.
Се наведува дека во нападот нема загинати, а војската на Азербејџан исто така возвратила со оган кон војската на Ерменија.
Министерството за одбрана на Азербејџан упати предупредување дека во случај да се повторат слични провокации, ќе бидат нападнати со топови со далек дострел населените места близу позициите на Ерменија.