Ruslan Rehimov
28 Декември 2020•Ажурирај: 29 Декември 2020
БАКУ
Во судирот во Нагорно Карабах, еден војник на азербејџанската армија го загуби својот живот, а еден војник е повреден пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението дадена од Министерството за одбрана на Азербејџан, се наведува дека вчера ерменска група од шест лица ги нападнала азербејџански војници во правец кон селото Агдам, во областа Хоџавенд.
Се додава дека еден војник на азербејџанската армија го загуби својот живот, а еден војник е повреден.
Истакнувајќи дека напаѓачите се од некоја нелегална вооружена група или ерменските вооружени сили кои треба да го напуштат регионот, во изјавата се предупредува дека „ќе се преземат сериозни мерки доколку се повторат слични ситуации.“