Mahmut Atanur
09 Октомври 2018•Ажурирај: 09 Октомври 2018
ЏАКАРТА (АА) - Во последните 24 часа регистрирани се вкупно 101 експлозија на индонезискиот вулкан Анак Кракатау, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од Агенцијата за метеорологија, клима и геофизика (BMKG) на Индонезија соопштија дека 101 експлозија се случила во рок од еден ден и предупредија дека е интензивирана активноста на вулканот кој се наоѓа меѓу островите Суматра и Јава.
Од Агенцијата велат дека е забележано слевање на лава низ јужниот кратер, која при експлозиите се подигнува и 100 до 200 метри во висина.
Тие во саботата соопштија дека во еден ден се случиле 348 експлозии на вулканот.
Упатено е предупредување до луѓето што живеат околу вулканот да преминат на безбедни места.
Во Индонезија се наоѓаат 130 активни вулкани.