Ekipa
09 Јули 2017•Ажурирај: 10 Јули 2017
ФЕРБАНКС (АА) - Поради вулканска ерупција на вулканот Богослоф во Алјаска, кој во саботата исфрли нов облак од пепел, издадено е предупредување за воздухопловството во регионот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Опсерваторијата за вулкански активности на Алјаска соопшти дека ерупцијата се случила во 10:15 часот по локално време, кога вулканот исфрли пепел до височина од девет километри.
Новата ерупција е продолжение на вулканската активност на Богослоф, којашто трае од средината на декември минатата година.
Поради големата количина на пепел и чад агенцијата издаде највисок, црвен степен на тревога за авијацијата, бидејќи вулканскиот пепел може да предизвика дефект на млазниот мотор, да ги затемни прозорите на пилотската кабина, па дури да ја оштети електрониката во системот за навигација.
Над вулканот се наоѓа авионската линија којашто ја поврзува Северна Америја и Азија, и важи за една од најфреквентните авионски линии во светот.
Островот Богослоф се наоѓа на 98 километри северозападно од Дач Харбор на Алјаска. Тоа е врв на подводен вулкан кој се протега скоро 1,7 километри во длабочина, и може да еруптира во кој било момент.