Vesna Besiç
17 Ноември 2016•Ажурирај: 18 Ноември 2016
ЊУЈОРК (АА) - Убавините на Централ парк, урбаниот вештачки парк во срцето на Менхетен во Њујорк, кој годишно го посетуваат околу 25 милиони лица, особено доаѓаат до израз во есен, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за најпосетениот градски парк во Соединетите Американски Држави (САД), а тој е и една од најпосетените туристички дестинации во Њујорк.
Во овој период, њујорчаните и туристите уживаат во прошетки низ паркот, кој е центар и за голем број уметници кои со четка и боја пренесуваат делови од убавината што паркот ја нуди или пак бараат инспирација за нови поеми, песни, музика или филмови.
Изградбата на паркот е започната во 1859 година и завршена е во 1873 година, а најпознатиот парк на светот се протега на површина од 3,4 квадратни километри.
Фоторепортерот на АА ги забележа есенските убавини во паркот, кој содржи неколку природни езера и рибници, патека за шетање, зоолошка градина, ботаничка градина...